Дарко Трајкоски има завршено постдипломски студии по кривично право на Правниот факултет „Јустинијан I“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во Октомври 2015та година започнува со практицирање на правото во Основно јавно обвинителство во Скопје. Во Август 2016 започнува како практикант во Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите каде што истата година во Октомври започнува со работа како Помлад јавнообвинителски соработник. Како дел од тимот во Адвокатската канцеларија Филип Медарски е од Ноември 2020 година кога започна со работа како стручен соработник а продолжува како Адвокат во Јануари 2021. Тој е специјализиран и застапува во областа на кривично право.

ШТО РАБОТИМЕ

Адвокатска канцеларија Филип Медарски од Скопје работи во следните области: кривично право, граѓанско право, слобода на изразување, трговско право, трудово право, административно право, даночно право, корпоративно право, стечај, ликвидација, трансформација на друштва, присоединување, спојување, раздвојување на трговски друштва, странски инвестиции, енергетика, концесии, облигациони односи, Европски суд за човекови права, како и сите оние правни проблеми со кои што се соочуваат нашите клиенти